Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 18 август 2014, 12:42, во Свет
Share |
Print page

Обединетите Арапски Емирати основаат банка во Србија

Обединетите Арапски Емирати основаат банка во Србија

Обединетите Арапски Емирати добија одобрување за основање на банка во Србија.

Под името „Мирабанк, акционерско друштво Белград“ ќе функционира новата банка во Србија, за која денес Народната банка на Србија даде одобрување за основање.

Од 2008 година, ова е првата гринфилд инвестиција во банкарскиот сектор во Србија.

Првата фаза е завршена, по ова следи давање на дозвола за работа на банката, пренесува српскиот портал Tanjug.

Основачот на банката е дел од меѓународниот конгломерат „Ројал група“ кој е предводен братот на Кралот на Обединети Арапски Емирати, чие седиште е во Абу Даби.

„Ројал групата“ ја сочинуваат околу 80 мали, средни и големи компании, а вработува повеќе од 15.000 луѓе на меѓународно ниво.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија