Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 24 јули 2014, 15:54, во Свет
Share |
Print page

Во Монако, скоро секој трет жител е милионер

Во Монако, скоро секој трет жител е милионер

Ако се прошетате во Монако, многу е веројатно да сретнете повеќе милионери. Всушност во Кнежевството, еден жител од тројца е милионер. Според класифицирањето на консултантот WealthInsight за американското списание Spears , Цирих и Женева бројат  најголем број на милионери. Финансиските центри во Њу Јорк, Франкфурт и Лондон, го зафаќаат четвртото, петтото и шестото место.

Една индивидуа се смета за милионер од моментот кога тој ќе оствари еден милион долари нето сретства, без да се смета неговото место за живеење.

Големата концентрација на богатите луѓе на одредени места на планетата не е случајна. Даночните предности и географската поставеност на Монако го објаснуваат населувањето на богатите луѓе баш во ова Кнежевство.

„Поволниот даночниот режим и одличната географска поставеност се важни критериуми за да се привлечат милионерите. Но, брзиот пристап до богатството и до приватните банки се главни адути за да се убедат милионерите да живеат во еден град“,  потенцира Оливер Вилијамс, аналитичар на WealthInsight.

Затоа, нема ништо зачудувачки во тоа што швајцарските градови Цирих и Женева кои бројат многу приватни банки ги “вдомуваат“ богатите луѓе, додава Вилијамс.

Експертот објаснува дека Лондон кој брои 281.000 милионери  е ценет поради својата политичка стабилност и поради своето историско наследство.  Но богатите луѓе, повеќе од било која популација, се спремни да се преселат доколу настане некоја нова ситуација во избраниот град или доколку  се наметнат нови клучни критериуми поволни за функционирање на богатиот свет.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија