Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 23 јули 2014, 16:04, во Свет
Share |
Print page

Санкциите против Русија се штетни за германските фирми

Санкциите против Русија се штетни за германските фирми

Германските фирми ги предупредија шефовите на европската дипломатија за евентуалната штета која може да им ја нанесат санкциите против Русија.

„Во една стопанска војна против Русија, ќе постојат само губитници“, рече за „Тагешпигел“ Марио Овен, претседател на Сојузот на германските средни компании.

Овен потенцира дека ембарго, или слични казнени мерки против Русија пред се ќе ги погодат многу германски извозно ориентирани средни фирми.

Околу 6.300 германски фирми, ангажирани на рускиот пазар, припаѓаат на мали и средни фирми, прецизираше Овен. Околу 98% од околу 350.000 германски извозници се средно големи фирми и стопанските санкции кон Русија, како што оцени тој, ќе погоди секоја од нив.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија