Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 23 јули 2014, 12:38, во Свет
Share |
Print page

Додека го чека рочиштето за банкрот, Детроит се опоравува

Додека го чека рочиштето за банкрот, Детроит се опоравува

Во јули, минатата година, Детроит поднесе барање за банкрот и така стана најголемиот град во американската историја кој го направи овој чекор. Градот побара од федералните власти банкротска заштита од кредитори и дозвола за распродажба на својата актива за да ги исплати своите долгови.

Кога управникот за вондредни ситуации, Кевин Ор поднесе барање за банкрот на овој град, неговиот долг беше проценет на 18 милијарди долари.

Детроитските јавни комунални претпријатија беа на работ на колабс, а повеќе од 78.000 имоти и недвижнини беа напуштени и оставени да пропаднат. Само 53% од луѓето кои останале во градот плаќале данок на имот. Градот кој некогаш се гордеел со своите згради, фабрики, и големи неонски реклами преку ноќ остана во полумрак, 40 % од уличното осветлување не функционираше.

Од тогаш до сега, на детроитските улици се поставени нови 10.000 бандери, парковите се исчистени, јавниот превоз работи подобро и поточно, а дури и некои напуштени куќи се реновирани и понудени на аукција.

Новиот управител на градот замрзна некои бенефиции на граѓаните кои учествуваа во два пензиски системи и го намали здравственото осигурување. Исто така, постигнат е договор со синдикатите и пензионерите за хибридната пензиска програма со која неуниформираните вработени ќе допридонесат со 4% од платите, додека вработените полицајци и пожарникари со 6%, а нововработените со 8%.

Градот сега подобро функционира, но неговата иднида се уште не е сигурна, туку зависи од исходот на судскиот процес.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија