Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 22 јули 2014, 16:05, во Свет
Share |
Print page

Фејсбук и Твитер се подготвуваат за онлајн тргување

Фејсбук и Твитер се подготвуваат за онлајн тргување

Социјалните мрежи се грижат за својот “излог“. Минатата недела, Твитер најави купување со CardSpring, посебен start-up за плаќање преку интернет. Веднаш по него, и Фејсбук најави приближување до онлајн бизнисот, со официјализирање на тестот за копчето „buy now“,  вметнато во страните регистрирани на овој сајт. Полека но сигурно, овие мрежи се подготвуваат да се соочат со битката за е-commerce.

Овие амбиции не се нови за Твитер. Пред купувањето со CardSpring, оваа социјална мрежа се поврза со повеќе компании, како American Express и Starbucks, со цел да им овозможи на неговите корисници да купат некои производи со праќање на твитови. Твитер исто така го истестира користењето на копчето “buy now“ со спонзориранине твитови.

Фејбук најави тест за копчето “buy now “ како новост на неговиот сајт, и апликација на мобилен телефон. Оваа новост моментално е ограничена за малите и средните американски компании, кои можат да ја користат за нивна реклама или во објавите на нивната страна.

Благодарение на ова копче, корисниците ќе можат да купуваат производи останувајќи на сајтот Фејсбук. Тие  исто така ќе можат да ги достават банкарските податоци тука, а Фејбук ќе го информира и сајтот од кој се купува за да нема манипулации во трансакцијата. Како прв сајт кој ќe ја проба оваа новина се спомeнува калифорниската компанија Modify Watches, онлајн списание за часовници.

Пред се, преку онлајн тргувањето, овие социјални мрежи сакаат да ја зацврстат врската со огласувачите/компаниите. Благодарејќи на партнерствата со компаниите и со адаптираните копчиња, тие ќе можат да ги продаваат своите производи полесно, а истовремено и да ги рекламираат онјалн.

Со онјалн купувањето на овие сајтови, Фејбук и Твитер се сигурни дека корисниците нема да ги напуштат нивните сајтови.                                             


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија