Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 22 јули 2014, 16:01, во Свет
Share |
Print page

Yahoo ја купува старт-ап компанијата Flurry

Yahoo ја купува старт-ап компанијата Flurry

Интенет гигантот Yahoo ќе ја купи платформата за анализи на мобилни апликации на стар-ап компанијата Flurry. Неговата цел е на овој начин да се подобрат приходите од мобилно рекламирање и огласување со што би се доближил до конкурентните компании Googleи Facebook.

„Постигнавме дефинитивен договор за аквизиција на компанијата Flurry, лидер во мобилната аналитика“, стои на блогот на  Yahoo.

Flurry им помага на развивачите на апликации да се анализира однесувањето на своите корисници за да можат да им обезбедат повеќе таргетирачка реклама, информираше “Би-Би-Си”.

Цената на зделката не е објавена официјално, но таа ќе биде помеѓу 200 и 300 милиони долари., Тоа е едно од најскапите купувања на Yahoo, откако компанијата го купи Tumblr во 2012 година.

Со ова аквизиција, Yahoo се обидува да го зголеми огласувањето на интернет., откако во последниот период забележа силен пад кој се се должи на негативните податоци од дигиталната реклама, која паднала со  8%, на 436 милиони долари.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија