Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 22 јули 2014, 11:57, во Свет
Share |
Print page

Норвешка: платежните картички наспроти готовината!

Норвешка: платежните картички наспроти готовината!

Само во 5% од трансакциите во Норвешка се користи кеш, во останатите трансакции доминираат платежните картички. Од една страна некои експерти тврдат дека, ако се искорени плаќањето во кеш ќе се намали перењето на пари, од друга страна сметаат дека со искоренувањето ќе се загрози системот на слободно плаќање.

Водечката норвешка финансиска корпорација, Finans Norge, смета дека во Норвешка треба да се искорени користењето на кеш до 2020 година.

„Плаќањето во кеш претставува така мал процент во општеството, што можеме и без него“, се наведува во соопштението на корпорацијата Finans Norge.

Finans Norge, фирма која претставува повеќе од 200 финансиски институции, заговара елеминација на трансакциите базирани на кеш во Норвешка, со што би се спречиле проблемите со финансиски криминал, крадење и перење пари. Но аналитичарите предупредуваат дека криминалот има повеќе димензии и дека не зависи од начинот на плаќање и дека со тоа може да се поремети системот на слободно плаќање.

„Мислам дека е наивно да се верува дека криминалот ќе исчезне со повлекување на кешот. Сведоци сме дека криминалот ги опфаќа сите сегменти, а банката и електронскиот начин на плаќање не се исклучок.“, истакна аналитичарот Гури Мелби и додаде дека развојот на криминалот не зависи од начинот на плаќање.

Освен во Норвешка, намалена употреба на кеш забележана е во Шведска и Велика Британија.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија