Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 21 јули 2014, 15:56, во Свет
Share |
Print page

После доларот и еврото, кинескиот јуан е на пат да стане трета меѓународна валута!?

После доларот и еврото, кинескиот јуан е на пат да стане трета меѓународна валута!?

Многу  е веројатно кинескиот јуан за пет години да стане третата меѓународна валута, доколку Кина ја забрза неговата промоцијата, предвидуваат економските аналитичари.

Прекуграничната трговија во јуани минатата година достигна 746 милијарди долари или зголемување од 57.5 % во однос на 2012 година.

До крајот на минатата година, директните инвестиции пласирани во јуани достигнале 533 милијарди јуани или зголемување од 1.9 пати во однос на истиот период од 2012 година.

Народната банка на Кина неодамна потпиша меморандуми за разбирање и договори за користње на националните валути со централните банки на Британија, Германија, Луксембург, Франција и Јужна Кореја.

Во овој момент, јуанот се наоѓа на петата позиција на најкористени валути во светот, зад британската фунта и јапонскиот јен.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија