Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 21 јули 2014, 15:06, во Свет
Share |
Print page

Керсо: Јапонците ќе пазарат во најжешкото за да заштедат на електрична енергија

Керсо: Јапонците ќе пазарат во најжешкото за да заштедат на електрична енергија

Јапонската енергетската компанија Kepco дели купони за попуст кои ќе можат да се користат од 13 до 16 часот со цел да ја намали потрошувачката на електрична енергија која се зголемува поради масивното користење на клима уредите токму во овој период од попладнето.

„Пазарете во најжешкиот период од денот, поефтино е!“, е пораката на компанијата.

Оваа акција, иницирана од Kanzai Electric Power (Kepco), најголемата  јапонска регионална енергетска компанија, цели кон штедење на електричната енергија. Керсо, со делењето на купоните за попуст планира да ја намали потрошувачката на електрична енергија со тоа што ако луѓето пазарат по продавниците, попладне нема да се користат клима уредите.

Купони за попуст за 800.000 домаќинства во 300  продавници

Ризикот од летниот недостаток е предизвик за компанијата после затворањето на 48 нуклеарни реактори како последица од катастрофата во Fukushima. На 15 јули, побарувачката на енергија веќе достигна 88% од капацитетот на производство на Керсо.

Затоа компанијата одлучи да подели купони за попуст по маил дури на 800.000 домаќинства. Благодарение на соработката со Aeon, најголемиот јапонски ланец на маркети, овие купони за попуст ќе можат да се искористат во 300 продавници во овој јапонски регион.

Керсо очекува клиентите да ги напуштат своите домови со што во тој период нема да трошат електрична енергија. Клиентите со користење на добрите понуди во продавниците ќе допридонесат за зајакнување на јапонската економија. Ако оваа акција наиде на успех, Керсо ќе ја прошири и во други домени.                                                                                       


 


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија