Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 21 јули 2014, 14:01, во Свет
Share |
Print page

Карлос Слим: Да се работи само 3 дена неделно!

Карлос Слим: Да се работи само 3 дена неделно!

„Со само 3 работни дена во неделата, животот ќе добие на квалитет, а луѓето ќе имаат повеќе време да се релаксираат“, рече мексиканскиот магнат во секторот за телекомуникација, Карлос Слим, на деловната конференција во Парагвај.

Тој предложи работната недела да биде пократка за луѓето подоцна да се пензионираат, па така наместо на 50-60 години, тој вели дека идеалниот период за пензионирање е од 70 до 75 години. Според него работењето само 3 дена по 11 часа во неделата ќе го подобри квалитетот на животот.

„Четири слободни дена во неделата би значело иницирање на нови активности за релаксирање и поинаков начин на водење на слободното време“, истакна 74-годишниот милијардер и филантроп.

Слим е извршен директор на телекомуникациската компанија Telemex, која неодамна воведе договор за работа според кој работниците кои започнуваат да работата на 20 години ќе одат во пензија пред да наполнат 50 години, со опсција да продолжат да работат и после тоа со полна плата и работна недела од 4 дена. 


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија