Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 21 јули 2014, 13:56, во Свет
Share |
Print page

Форбс е продаден на група инвеститори

Форбс е продаден на група инвеститори

Форбс Медиа, по 97 години фамилијарна сопственост, е продаден на група инвеститори.

Мнозинскиот удел од Форбс е продаден на група интернационални инвеститори со седиште во Хонг Конг. Компанијата се продаде на Integrated Whale Media Investments за непозната сума.

Семејството Форбс истакна дека и понатаму ќе има значаен удел во компанијата, а на местото претседател и главен уредник останува Стив Форбс.

„Додека прославуваме важен настан, 97 години долга историја на оваа компанија, која ја основа мојот дедо, на овој потег треба да се гледа како можност да ја продолжиме мисијата и да ја зајакнеме позицијата.“, истакна Стив Форбс.

Медиумската куќа која месечно ја следат 75 милиони луѓе ширум светот преку месечното печатено издание, дигиталните медиуми, телевизии и конференции, започна да бара купувач во ноември минатата година, пренесува BIZlife.

Седиштето на Форбс ќе остане во САД и најавени се планови за меѓународна експанзија.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија