Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 18 јули 2014, 12:22, во Свет
Share |
Print page

Авио компаниите го избегнуваат украинскиот воздушен простор

Авио компаниите го избегнуваат украинскиот воздушен простор

По падот на малезискиот патнички авион во Украина, каде загинаа 298 патници и членови на екипажот, во близина на границата со Русија, многу авио компании објавија дека привремено нема да летаат над територијата на Украина.

Украинскиот воздушен простор ќе го избегнуваат руската авио компанија Transaero, Turkish Airlines, како и Air France. Од најголемата германска авио компанија Lufthansa најавија дека нејзините авиони нема да летаат над источниот дел на Украина, но во другиот дел, на аеродромите во Киев и Одеса и понатаму ќе слетуваат.

И други компании нема да летаат над територијата на Украина, како британски Virgin, Al Italia, British Airways, Emirates.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија