Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 18 јули 2014, 12:16, во Свет
Share |
Print page

Volkswagen го купува Fiat!?

Volkswagen го купува Fiat!?

Германското бизнис списание, Manager Magazin, пишува дека германскиот производител на автомобили Volkswagen, е заинтересиран за да го купи италијанскиот Fiat. Преговорите помеѓу двете компании се уште не стигнале до одредување на цената, но Fiat, наводно, е спремен да го препушти своето традиционално производство и да се фокусира сао на брендот  Ferrari.

Од Volkswagen не ја коментираат информацијата, но сепак соопштија дека немаат планови за спојувања и аквизиции.

„Ние се концентрираме на ефекасността на концернот”, се вели во соопштението.

Но, во бизнис светот не е тајна дека Fiat бара партнер за постигнување на амбициозните цели кои си ги постави компанијата.

Volkswagen би можел да ги обезбеди на Fiat потребните средства за инвестиции во нови модели, како и да предложи нови технологии. Покрај тоа, Германците можат да му обезбедат на италијанскиот автомобилски концерн пристап до кинескиот пазар.

Од своја страна Volkswagen се надева да добие подобри позиции на американскиот пазар, бидејќи брендот регистрира слаби продажби таму. Неслучајно брендот одлучи да формира специјална SUV за американскиот пазар, кој ќе биде во продажба од 2016 година.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија