Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 17 јули 2014, 15:22, во Свет
Share |
Print page

BMW повлече 1,6 милиони автомобили во целиот свет

BMW повлече 1,6 милиони автомобили во целиот свет

Германскиот автомобилски производител BMW повлекува над 1,6 милиони автомобили во целиот свет, поради дефект во воздушните перничиња, стои во соопштението објавено на официјалниот сајт.

„Дефектот е пронајден во гасните генератори на воздушното перниче за совозачот, која во некои случаи може да доведе до пукање или кинење на перницата“, е наведено во соопштението.
Автомобилите кои се преземени се трета серија произведени во периодот мај 1999 година – август 2006 година. Задолжените за дефектот велат дека поправката ќе биде средена за брзо време.

„Решението на проблемот ќе потрае не повеќе од еден час”, ветува производителот во официјалната изјава.

Од компанијата нагласуваат дека одговорноста за дефектот е на подизведувачот, кој ја става дополнителната опрема.

Исто така, во мај оваа година, поради аналоген дефект автомобилската компанија BMW повлече 100 илјади возила.

 


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија