Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 17 јуни 2014, 09:29, во Свет
Share |
Print page

Русија од советот за безбедност бара нова резолуција за Украина

Русија од советот за безбедност бара нова резолуција за Украина

Русија дотави до Советот за безбедност на Обединетите нации нова нацрт-резолуција за Украина, изјави постојаниот претставник на земјата во ОН, Виталиј Чуркин, јави ИТАР-ТАСС.

Чуркин, кој е ротациски претседател на Советот за безбедност овој месец, истакна дека на барање на други држави-членки на Советот, обновениот текст се повикува на „некои фундаментални принципи на меѓународното право, како суверенитет и територијален интегритет“.

"Русија прави се за резолуцијата да биде избалансирана", нагласи тој по седницата на Советот, посветена на Украина, која се одржа зад затворени врати.

Новата резолуција вклучува делови од двата претходни текста, доставени од Москва претходно овој месец, со кои се повикуваше за хуманитарна помош, прекин на огнот и национален дијалог во Украина.

“Текстот доби широка поддршка меѓу членовите на Советот за бзбедност“, истакна Чуркин и изрази надеж дека резолуцијата наскоро ќе биде усвоена.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија