Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 10 јуни 2014, 14:54, во Свет
Share |
Print page Deutsche Bank анализира:

Задолжувањето на земјите членки на еврозоната најевтино во модерната економска историја

Задолжувањето на земјите членки на еврозоната најевтино во модерната економска историја

Падот на трошоците за задолжување на земјите членки на еврозоната падна на досега рекордно ниско ниво, анализираат од Deutsche Bank.

Според нивните анализи, задолжувањето никогаш не ги чинело државите волку малку колку што ги чини во последниот период, односно каматите на обврзниците кои ги продаваат се најниски во последните 268 години.

Аналитичарите на  Deutsche Bank го анализирале архивскиот материјал кој го поседуваат, а податоците покажуваат  дека минатонеделната камата на француската 10-годишна обврзница од 1,654 проценти не е забележана од 1746 година, од кога датираат најстарите податоци за француското задолжување. Истото важи и за Шпанија чиј моментална камата од 2,6 проценти не е забележана од 1789 година кога изби француската револуција. Овие податоци покажуваат дека моментално помеѓу глобалните инвеститори владее невидена доверба и губење на некогашните вообичаени критериуми.

Имено, досега , инвеститорите при позајмувањето пари на  државите ги земале во обзир,  способноста за враќање на долговите, состојбата на економијата, прогнозите за растот  на економијата и движењето на инфлацијата. Сите овие критериуми сега се во втор план, смета Џим Ред, водителот на аналитичкиот тим на Deutsche Banka. Во пост-кризно опкружување, единствена загриженост на инвеститорите е кој следен чекор ќе ја повлече централната банка.

Експанзивната политика на Европската централна банка за сега успеа да ги ослободи членките на еврозоната, посебно оние граничните, од преголемиот товар на рефинансирањето на долговите.

Шпанија оваа година направи дополнителен долг од  102 милијарди евра, а додатните 132 милијарди евра на Мадрид треба да се спремаат за наредната година. Не е подобра ситуацијата  и во Италија која оваа година ќе мора да рефинансира 217 милијарди евра. Следната година на наплата доаѓаат 248 милијарди евра. Моменталниот придонес на италијанските обврзници изнесува 2,72 проценти, дупло помалку од пред само 2 години.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија