Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 22 мај 2014, 11:35, во Свет
Share |
Print page

Европа гласа

Европа гласа

Над 400 милиони граѓани со право на глас од земјите-членки на Европската унија од денеска до недела ќе го изберат новиот состав на Европскиот парламент, кој брои 751 пратеник.  

По изборите, некаде во јуни, се очекува составување на политичките групи во Европскиот парламент, а конститутивната седница на новиот состав ќе се одржи, според планираното, од 1 до 3 јули во Стразбур. Тогаш ќе бидат избрани и претседателот на Европскиот парламент како и неговите 14 заменици.

Освен новите членови во Европскиот парламент, по овие избори ќе се одредат и новите челници на Европската комисија и Европскиот совет, а во октомври и новите комесари.

Всушност, уште на 27 мај, неколку дена по изборите, ќе заседава Европскиот совет во Брисел за да ги разгледа резултатите. Тогаш европските лидери ќе треба да се изјаснат за предлогот за следниот претседател на Европската комисија. За прв пат оваа номинација треба да ја добие и поддршката од европарламентот.

Планирано е Европскиот парламент во периодот од 14 до 17 јули со тајно гласање да се изјасни за претседателот на Европската комисија.

Во септември, пак, европратениците ќе ги сослушаат кандидатите за еврокомесари, а гласањето за составот на Комисијата е закажано за октомври.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија