Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 10 јануари 2014, 11:44, во Свет
Share |
Print page

Kuehne + Nagel ја продолжуваат соработката со Airbus до 2016 година

Kuehne + Nagel ја продолжуваат соработката со Airbus до 2016 година

Еден од светските производители на авиони, Airbus, го обнови договорот со својот логистички партнер Kuehne + Nagel до 2016 година. Kuehne + Nagel ќе продолжи да управува со целата логистика на Airbus во Франција, Германија, Шпанија, Велика Британија и Кина, за сите програми на производстото. Компанијата дополнително ќе биде вклучена во оперативните процеси, со цел да се зголеми ефикасноста на работата во ланецот на набавки. Како една од водечките логистички компании за авионска логистика, Kuehne + Nagel нуди логистички услуги за договорна логистика уште од 2003 година, а од 2008 година овој логистички добавувач ги врши сите логистички услуги во Европа за Airbus.

Опсежниот пакет услуги на Kuehne + Nagel за Airbus ги опфаќа сите стандардни логистички услуги, како што се примање на пратките, проверка на квалитетот, складишнина, одбирање и пакување.
Како дел од договорот, Kuehne + Nagel целосно се фокусира на извонредната оперативна подршка во производството на Airbus и развој на новите програми како што се А350XWB и A320neo.

“Продолжувањето на договорот со Kuehne + Nagel е потврда на нашето долгогодишно партнерсво и сметаме дека оваа цврста соработка ќе го подобри производствениот логистички систем на Airbus“, изјави Бертранд Џорџ, оперативен менаџер на Airbus и одговорен за глобалната логистика и транспорт на Airbus.

“Бизнис партнерството помеѓу Kuehne + Nagel и Airbus покажува како додадените вредности за двата партнери може да бидат насочени кон конкурентност, задоволување на потребите на клиентите и првокласна услуга, со посветеност на тековната оптимизација и иновација“, изјави Роберт Берганус, постар вицепремиер за договорна логистика во Kuehne + Nagel.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија