Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 02 јануари 2014, 13:49, во Свет
Share |
Print page

Во декември најголем индустриски раст во еврозоната во последните 2,5 години

Во декември најголем индустриски раст во еврозоната во последните 2,5 години

Индустрискиот сектор во еврозоната во декември забележал раст со најбрзо темпо во изминатите две и половина години, што е знак за зацврстување на економската обнова, покажува индексот на компанијата „Маркит“.

Индексот PMI, со кој се мерат активностите во индустрискиот сектор, во монетарната унија достигнал 72,7 поени, за разлика од 51,6 индексни поени во ноември. Тоа е највисокото ниво во изминатите 31 месеци и се совпаѓа со првичната проценка.

Кога индексот ќе надмине 50 поени, активностите бележат раст, а кога резултатот е под таа вредност, тогаш е евидентиран пад.

Во врска со невработеноста прогнозите, исто така, не се многу мрачни, поради тоа што зголеменото производство, обемот на новите нарачки и на бараните услуги ги поттикнува производителите да го зајакнат работниот состав.

Како резултат на тоа вработеноста во еврозоната во декември останала стабилна, а во Германија, во Италија и во Ирска дошло дури и до отворање на нови работни места.

Но, додека  во повеќе земји состојбата се подобрува,  во Франција таа и натаму е загрижувачка. Производствениот индекс за декември е на ниво 47, што е најниско во последните седум месеци. Падот се појаснува со поголемото намалување на продажбата наменета за извоз, што предизвикува проблеми во конкуретната способноста на земјата.

Во исто време во Германија, во Италија и во Шпанија индустрискиот сектор забележал најголем раст од првата половина на 2011 година.

Во Грција, која е погодена од тешка криза, во декември е забележано зголемување на производството и на новите бизниси, поради што PMI достигна највисоко ниво во изминатите четири години, од 49,6 поени.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија