Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 08 април 2013, 10:48, во Свет
Share |
Print page

Раст на цената на нафтата на светските берзи

Раст на цената на нафтата на светските берзиЦените на нафтата на светските берзи се зголемија денеска, како резултат на големиот раст на вредноста на акциите во Јапонија, но и на лошите податоци за вработувањето во САД, наведуваат аналитичарите.

Нафтата на Њујоршката берза поскапе за 21 цент и достигна цена од 92,91 долар за барел. Европската марка „брент“, која се користи за одредување на цените на различни видови странска нафта, поскапе за 45 центи на 104,57 долари за барел.

Поскапувањето на нафтата успеди по растот на вредноста на индексот на берзата во Токио за 2,80 отсто, паралелно со натамошно слабеење на јенот во однос на конкурентските валути.

Американскиот пазар на труд минатиот месец беше многу послаб од очекуваното, односно во САД се отворени само 88.000 работни места, покажуваат минатонеделните податоци на американското Министерство за труд.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија