Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 11 март 2013, 11:14, во Свет
Share |
Print page

Нафтата поевтини поради забавувањето на производството во Кина

Нафтата поевтини поради забавувањето на производството во Кина

Нафтата денеска поевтини на светските берзи како последица на информациите за успорување на растот на индустриското производство во Кина. Американската „лесна“ нафта за испорака во април на електронските тргувања пред отворањето на Њујоршката берза, поевтини за 20 центи на 91,75 долари за барел, додека цената на европскиот „брент“ од Северното Море се намали за 37 центи на 110,48 долари за барел.

Врз падот на цената на нафтата влијаеја економските податоци од Кина кои покажаа дека во првите два месеци од годинава индустриското производство во земјата е зголемено за 9,9 %, за разлика од 11,4-те проценти забележани во истиот период лани.

Аналиитичарите оценуваат дека на берзите постои стравување дека успорувањето на растот на кинеското индустриско производство ќе резултира и со намалена потрошувачка на енергенси во Кина.

На падот на цената на нафтата влијаеја и информациите за раст на нафтените резерви и за пад на стапката на невработеност во САД, но и зајакнувањето на вредноста на американскиот долар.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија