Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 24 јули 2014, 12:42, во Регион
Share |
Print page

Минимална плата во Србија зема секој трет работник

Минимална плата во Србија зема секој трет работник

Најниската гарантирана заработка во Србија е половина од просечната плата во Републиката и неа ја примаат скоро третина од вработените.

Веќе трета година по ред износот на минималната плата не е променет и,  како што одлучи Владата,  нема да се промени до крајот на годината.

Загарантираниот износ е на дното на европската скала и со цифра од 115динари(0,98 центи)  на час, работникот со просечни 176 работни часа месечно, заработува околу 20.000 динари(околу 170 евра).

Повеќемесечните преговори помеѓу синдикатите и работодавците не дадоа плод, а на крај државата пресече и го продолжи рокот на веќе постоечката минимална плата. Претставниците на работничните здруженија бараа 130 динари(1,11 центи) на час, но ова барање не беше прифатено.

„Не ни останува ништо друго освен социјално да делуваме, а одлуката на Владата е очекувана со оглед на определбата дека мора да се штеди“, вели Небојша Атанацковиќ, претседател на Унијата на работодавци на Србија.

Тој додава дека најниската плата мора да се ограничи со закон  бидејќи во буџетските фирми и многу јавни претпријатија, таа се множи со одреден коефициент, па ако се зголеми минималната плата за 5%, издвојувањето од буџетот  ќе биде поголемо за истиот тој процент.

„Не постојат пари кои исчезнуваат туку така, бидејќи за тоа е потребно поголемо производство или заеми. Нивото на плата и социјалниот стандард кои ги имавме досега произлегоа од големиот минус во буџетот“, додаде Атанацковиќ.

Тој објснува дека БДП по глава на жител, односно приходот кој го остварува секој поединечно е понизок од Романија и Бугарија.

„Нашето БДП, за жал, е на европско дно, точно на ниво од пред две и пол децении“, рече Атанацковиќ.

Ако вредноста на минималната плата падне под 70% од минималната порошувачка, српските синдикати предложуваат автоматски да се корегира тој однос со одлука на Владата.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000