Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 22 јули 2014, 16:16, во Регион
Share |
Print page

Хрватска: јавениот долг достигна 68% од БДП и понатаму расте

Хрватска: јавениот долг достигна 68% од БДП и понатаму расте

Јавниот долг на Хрватска во првото тромесечје достигна 68% од БДП, додека во последниот минатогодишен кварал изнесувал 67,4% од БДП, покажуваат објавените податоци на Евростат, а аналитичарите очекуваат дополнителен раст.

Според податоците на европското статистичко биро, хрватскиот јавен долг во првото тромесечје достина околу 29,1 милијарди евра, што е за 210 милиони евра повеќе од претходниот квартал.

„Забележан е благ растечки тренд на јавниот долг во првото тромесечје, што е во склад со очекувањата. До крајот на годината проценуваме дека неговото ниво би можело да достигне 73% од БДП, или номинално околу 31,1 милијарда евра“, вели Ален Коваќ, макроекономист во Ерсте банка.

Тој истакнува дека во второто тромесечје ќе се види во јавниот долг и неодамнешното задолжување на државата од 1,25 милијарди евра на пазарот.

„Порастот на јавниот долг е најголема последица од буџетскиот дефицит, кој според нашите прогонози, оваа година ќе биде малку над 5% од БДП“, наведува Коваќ.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000