Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 21 јули 2014, 16:11, во Регион
Share |
Print page

Јавниот сектор во Србија ќе се крати за 100.000 луѓе

Јавниот сектор во Србија ќе се крати за 100.000 луѓе

Во Србија се очекува, согласно реформите кои се спроведуваат во јавниот сектор, да се отпуштат 100.000 луѓе.

За да се намали јавниот сектор, смета Никола Алтипармаков член на Фискалниот совет, прво треба да се направи детална систематизација и идентификација на работните места, со цел да се утврди каде има вишок.

„Јас мислам дека треба да се направи и реалокација на работните места и сето тоа мора да се направи брзо бидејќи консолидацијата не може да се одложува.“, посочи економистот Миладин Ковачевиќ и додаде дека реалокацијата е потребна за да се идентификува и дефицитот на некои работни места.

Отпуштањата сеуште не се знае кога ќе започнат, но тој процес ќе трае со години сметаат експертите и стравуваат дека наместо отпуштања на вистинските луѓе може да се отпуштаат оние кои никој не ги штити.

Унијата на работодавачи на Србија смета дека на Србија и се доволни само 200.000 вработени во јавниот сектор, а сега ги има 635.000.

С.Ј.


КОМЕНТАРИ

Коментирај
  • Izbor
    Објавено на 21.07.2014, од Borce gvg

    E sega da vidime koja doktrina ce bide pouspesna.
    " Domacinska " na Srbija ili nasata
    " Potrosuvacka " koja odese vo sprotiven pravec, so kreiranje duplo rabotni mesta vo istiot toj javen sektor.
    Se nadevam naskoro...



РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000