Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 21 јули 2014, 11:24, во Регион
Share |
Print page

Краш и Пионир помеѓу 100-те најголеми светски кондитори

Краш и Пионир помеѓу 100-те најголеми светски кондитори

Двете кондиторски компании од регионот Краш и Пионир се најдоа на лисата на 100-те најголеми кондитори на светот. 

Американската компанија Mars која ги произведува чоколадите "snickers", "mars", "bounty" и"twix", е најголемиот производител на кондиторски производи на светот. Тие постигнале приход од 17,64 милијарди долари, покажува едно истражување на специјалното издание "Candyindustry".

После него следи американската компанија Mondelez International", поранешниот "Kraft Foods", која во својот асортиман помеѓу останатитеја има „milka“, а остварила приход од 15 милијарди долари.
Освен „milka“, "Mondelez International" e poznat I po markite "oreo", LU и "toblerone".  Компанијата го промени името пред две години, а новото име е составено од два збора мonde(свет)и delez(вкусно). Трет на листата е најголемиот швајцарски кондитор "Nestle", со годишен приход од  11,76 милијарди долари.

Помеѓу водечките 100 кондитори на листата фигурираат јапонскиот Meiji" (11,74 милијарди долари), италијанскиот"Ferrero" (10,9 милијарди долари), американскиот "Hershey's" (7,04 милијарди долари), аргентинскиот "Arcor" (3,7 милијарди долари), италијанско-холандската компанија "Perffeti" (3,3 милијарди долари), германскиот"Haribo" (3,2 милијарди долари) и швајцарскиот"Lindt" (3,15 милијарди долари).

Помеѓу 100-те најголеми кондитори е и Краш чии најпознати производи се “бајадера“, “наполитанки“, чоколадите “животинско царство“, бомбоните“бронхи“ и “кики“. Со приход од 163 милиони долари од продажбата, Краш го зазема 79-тото место  од 100-те најголеми кондитори на светот.

На 86-то место е српскиот Пионир, најпознат по медењаците “медено срце“, кој годишно од продажбата на слатки работи остварува приход од 140 милиони долари.

На последно место на листата на светските водечки кондиторски производи е австралиската компанија “Darell Lea", со приход поголем од 100 милиони долари.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000