Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 17 јули 2014, 16:08, во Регион
Share |
Print page

Албанија зеде кредит од 100 милиони евра од ЕБОР

Албанија зеде кредит од 100 милиони евра од ЕБОР

Албанија зеде кредит во износ од 100 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), кој ќе и помогне за осигурување на банкарските депозити, кога тоа ќе биде потребно.

ЕБОР, која е создадена во 1991 година за да им помага на земјите од комунистичкиот блок во Источна Европа, денеска соопшти дека стендбај кредитната линија има за цел да го зголеми капацитетот на Албанската агенција за осигурување на депозитите, за да ги заштити депозитите на вкупна вредност од 6,98 милијарди евра. Банката, исто така, предложи неповратна помош од 300.000 евра за Агенцијата.

Оваа година Тирана доби кредит од 162 милиона евра од Светска банка и кредит од 331 милион евра од ММФ за да го поддржи својот финансиски сектор.
Државниот долг на Албанија во 2013 година се зголеми до 70,5% од бруто домашниот производ, наспроти 60% претходната година.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000