Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 17 јули 2014, 11:14, во Регион
Share |
Print page

Балканската верзија на “Netflix“, достапна и во Македонија

Балканската верзија на “Netflix“, достапна и во Македонија

PickboxTV, првата регионална интернет телевизија неодамна  основана во Хрватска, е најновиот проект на Сања Божиќ-Љубичиќ, сопственикот на фирмата Mediatranslations и Mediavision со која на гледачите им се нуди верзија на Netfliks достапна на сите јазици од поранешна Југославија.

„100% содржина, 0% реклами“, е формулата на овој единствен производ со кој за 5 евра, без никакви договори, корисникот добива 3000 часови премиерна и ексклузивна ТВ содржина. Во понудата стои микс од премиерни и најпознати ТВ серии, филмови и документарци кои можат да се гледаат неограничено преку компјутер, мобилен уред, или таблет, а од денес, и на андорид уредите, додека во септемви се планира и лансирање на Смарт ТВ.

Божиќ- Љубичиќ објаснува дека  станува збор за домашен, таканаречен subscriber video on demand, како што се Netflix и Hulа, моментално достапни во западните земји, а во Хрватска,Словенија, Србија, БиХ, Црна Гора и Македонија е достапен Pickbox. Зад проектот стои тим од 50 млади луѓе кои ја развија услугата од самиот почеток, а на неа работат секојдневно.

„Софтверот, и се останато се 100% хрватско производство. Проектот е без конкуренција во поширокиот регион, а посебно привлечен го прави локализацијата. Премиерната и останатата содржина е преведена на јазиците на наведените држави, а преводите се читки, граматични исправни и точни.“ велат од PickboxTV.

С. Божиќ-Љубичиќ смета дека широкиот опфат на проектот е истакнат со тоа што корисникот, при регистрација на страницата, се користи со својот јазик, а јазикот на преводот на филмовите си го избира сам.

„Корисникот потоа едноставно ужива во омилените филмови, серии и документарци од најголемите светски подукции од Sony и BBC, до Disney, ITV  и MGM.  За користење е потребно компјутер и пристап на Интернет, а посебно интересна е понудата на новите епизоди на хит сериите кои веќе можат да се гледаат после 24 часови од нивната светска премиера.“, вели С. Божиќ-Љубичиќ

Во понуда моментално се, на пример, ТВ спектаклот Скандал(Scandal),  Викинзи(Vikings), Младиот Врколак (Teen Wolf), Црна листа(Blacklist), Доктори за секс(Masters of sex),  па се до хитовите на BBC , Сирак (Orphan Black), фантастичните серии за кои Tatiana Maslany е номинирана за Златен глобус во категорија „Најдобра женска улога“. Серијата „Сирак“  може да се гледа после 24 часа од премерата во САД, потенцира  Божиќ-Љубичиќ.

„Не изненади колку луѓето уживаат во гледање серии и филмови на таблет. Целата содржина е достапна на сите корисници од 0-24h и можат да ги гледаат нограничено, колку пати сакаат“, додава Божиќ-Љубичиќ.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000