Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 16 јули 2014, 12:43, во Регион
Share |
Print page

Анкета: Идниот состав на бугарскиот Парламент ќе го сочинуваат 5 политички сили

Анкета: Идниот состав на бугарскиот Парламент ќе го сочинуваат 5 политички сили

Пет политички сили ќе влезат во идниот состав на бугарскиот Парламент, според податоците од истражувањето на Центарот за анализи и маркетинг, изработено меѓу 5 и 10 јули на примерок од 1.024 лица.

Според резултатите, Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) освои 38 %, Бугарска социјалистичка партија (БСП) 21 %, Движење за права и слободи (ДПС) 14%, Реформаторскиот блок (РБ) пет % и Бугарија без цензура (ББЦ) 4,3 %.

„До изборите разликата меѓу ГЕРБ и БСП нема да се намали и дури постои веројатност да се зголеми“, изјави Јулиј Павлов од Центарот.

Тој додаде дека податоците не можат да се разгледуваат како прогноза за претстојните парламентарни избори, но според анкетната анализа,  најверојанто во идниот состав на бугарскиот Парламент ќе учествуваат пет политички сили.


 


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000