Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 15 јули 2014, 16:10, во Регион
Share |
Print page

Странските инвеститори ја заобиколуваат Бугарија?

Странските инвеститори ја заобиколуваат Бугарија?

Директните странски инвестиции во Бугарија за првите пет месеци од оваа година, во однос на истиот период минатата година, се намалени за 33,8 % и изнесуваат 302,6 милиони евра, покажуваат податоците на Бугарската Народна Банка.

Во минатата година директните странски инвестиции за првите пет месеци изнесуваа 456,9 милиони евра. Според податоците на Банката, странските компании кои работат во Бугарија, реинвестирале 95,8 милиони евра од своите приходи, а во истиот период минатата година 59,4 милиони евра.

Директните странски инвестиции во Бугарија во мај изнесуваа околу 8,6 милиони евра, а во истиот месец минатата година 151,8 милиони евра. Бугарските компании во истиот период инвестирале во странство 70,6 милиони евра, додека за пет месеци минатата година инвестициите изнесувале 50,4 милиони евра.

 


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000