Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 14 јули 2014, 09:11, во Регион
Share |
Print page Словенија доби нов премиер:

Партијата на Миро Церар победи на изборите во Словенија

Симона Јосифовска
Партијата на Миро Церар победи на изборите во Словенија

Партијата на Миро Церар победи на предвремените парламентарни избори кој се одржаа вчера.
На изборите најмногу гласови освои партијата Миро Церар со 36,9%. После неа е партијата на Јанез Јанша, Словенечка демократска партија со 19,2% од гласовите.

Според бројот на освоени пратенички места, од вкупно 90, Церар освои 38, а партијата на Јанша околу 19. Во парламентот добиваат места и Демократска партија на пензионерите, со освоени 9,7% од гласовите и со 7,1% Здружената левица.

Социјалните демократи, кој победија во 2008 година, сега освоија само 5,8%. Демохристијанската партија Нова Словенија доби 5,4%, што е подобар резултат од претходните избори, а Алијансата на Аленка Братушек, премиерката во заминување доби само 4,7% од гласовите.

Во Словенија од вкупните 90 пратенички места, две припаѓаат на малцинствата, а останатите се избираат според пропорционален изборен модел, со изборен праг од 4%, што значи дека сите партии кој имаат освоено под 4% од гласовите, не влегуваат во парламентот. Земјата е поделена на осум изборни единици, а од секоја единица се избираат по 11 пратеници.

Двете места на малцинствата припаѓаат на Италијанската и Унгарската етничка заедница. За избор на нивните претставници се креираат две посебни изборни единици. Во тие единици пратениците се избираат според мнозинскиот модел.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000