Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 14 јули 2014, 08:40, во Регион
Share |
Print page

Лидерите од регионот денеска на Самит 100 - “Договор за новото време“.

Лидерите од регионот денеска на Самит 100 - “Договор за новото време“.

Бизнис и политички лидери од Југоисточна Европа денеска во Цавтат ќе учествуваат на бизнис собирот „Самит 100 - Договор за новото време“.

На форумот во Цавтат ќе просиствуваат и дел од претседателите на земјите од Југоисточна Европа, кои утре во Дубровник ќе учествуваат на состанокот „Брдо-Бриони“.

Тоа е продолжување на стратешкиот дијалог, кој во тој формат почна пред една година, кога Хрватска стана членка на Европската унија, а продолжи со состанокот со францускиот претседател Франсоа Оланд на 25 јули 2013 година во Брдо кај Крањ.

На овогодинешниот собир покрај претседателите на Хрватска, Македонија, Албанија, Косово, Словенија, Србија, Црна Гора и сите тројца членови на Претседателството на БиХ, како гостин ќе учествува и германската канцеларка Ангела Меркел.

На собирот ќе присуствуваат и францускиот државен секретар за европски прашања Арлем Дезир, како претставник на Оланд, како и европскиот комесар за енергетика Гинтер Етингер.

Тема на овогодинешниот состанок е политичката ситуација и односите во регионот, продолжување на политиката на проширување на ЕУ, како и клучните инфраструктурни проекти во ЈИЕ.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000