Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 11 јули 2014, 14:58, во Регион
Share |
Print page

Словенечкиот бежичен полнач за 10 дена собра 32 илјади долари

Словенечкиот бежичен полнач за 10 дена собра 32 илјади долари

Во десет дена, словенечкиот тим Контекст, кој направи дизајнерски бежичен полнач  за смарт телефони, наречен Свич, преку Кикстартер собра повеќе од 32 илјади долари од 202 лица од целиот свет.

Борис Лутман, директор и сопствник на агенцијата Контекст од Љубљана, изјави дека не очекувал дека толку брзо ќе ги собере сретствата кои ги надминуваат потребните 25 илјади долари. 
„На почетокот никој не беше заинтересиран за нашиот производ, а подоцна забележавме голем интерес во САД од каде примивме најголема донација.“, вели Лутман.

Свич е бежичен полнач на мобилен кој се состои од две ќерамички плочки споени со дрвен придржувач направен од амеркански орев. Внатре содржи Qi Wireless технологија за бежично полнење која ја користат Asus, HTC, Huawei, LG, Motorola, Nokia, Samsung, BlackBerry i Sony.

Контекст тврди дека преку нив може да се полни и iPhone. За да можат овие мобилни да се полнат преку Свич, потребно е на нив да се стави маска која поддржува Qi Wireless полнење. После тоа, доволно е  мобилниот да се постави на Свичот и мобилниот веќе ќе се полни. Малопродажната цена за нарачка од 500 до 100 парчиња изнесува 169,76 долари. „Цената е висока, бидејќи намерата не ни е да го продаваме Свичот на широката маса, туку на љубителите на мобилните и дизајнот“, вели Лутман.

Интерес за овие бежични полначи покажаа и дистрибутери од Канада и Германија со кои Контекст планира да одржи состаноци  во наредната недела

.

 


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000