Земјоделството во Албанија доби 7,3 милиони евра помош

Светска банка ќе субвенционира проекти за земјоделство во Албанија, во износ од 7,3 милиони евра.
Одобрени се субвенции во износ од 7,3 милиони евра за реализација на проекти, поврзани со земјоделството и зачувувањето на животната средина во Албанија.
Средствата на Светската банка ќе ги користат земјоделци, задруги во 2.980 села во цела Албанија.
Целта на финансирањето е да се помогне зеленото производство, рационалното управување на земјата и зголемувањето на земјоделските доходи.