Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 13 јуни 2014, 12:51, во Регион
Share |
Print page

Предвремени парламентарни избори во Бугарија

Предвремени парламентарни избори во Бугарија

Двете владејачки партии во Бугарија се согласија да организираат предвремени парламентарни избори.

И покрај тоа што денес бугарскиот Парламент исгласа доверба на коалиционата влада на левиот центар, на премиерот Пламен Орешарски, сепак избори ќе има.

Одлуката за распишување на избори е донесена поради лошиот изборен резултат на владејачките социјалисти на неодамнешните европски избори.

„За“ Владата гласаа 114 пратеници, 109 се изјаснија „против“, а еден беше воздржан.
Тоа беше петти пат да се гласа за доверба на Владата, која пред една година доби четиригодишен мандат.

Опозицијата бараше да и се изгласа недоверба поради владината фискална политика.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000