Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 02 април 2014, 16:06, во Регион
Share |
Print page Бизнис плус

Визер: Се повлекуваме од белградскиот аеродром

Редакција Бизнис плус
Визер: Се повлекуваме од белградскиот аеродром

Авиокомпанијата Визер соопшти дека планира да ја намали белградската флота поради прескапите аеродромски трошоци. Компанијата наведе дека на тој начин ќе се изгубат повеќе од 130.000 седишта и над 700 летови во 2014 година. Нискобуџетната компанија соопшти дека ќе ги преполови своите капацитети во Белград со гаснење на линијата кон Осло и Брисел и намалување на бројот на летови кон другите дестинаци, откако аеродромските трошоци пораснаа за 40% со што белградскиот аеродром стана најскап во мрежата летови на ова компанија. Линиите кон Осло и Брисел ќе бидат прекинати од 6 мај.

Од 2010 година прометот на патници на Визер на белградскиот аеродром порасна за повеќе од 800%, на 480.000 патници во 2013 година, со што севкупниот промет порасна за 31%.

Визер оценува дека континуираниот пристап до летови сониски цени сега е загрозен од аеродромското одбивање и понатаму да ги поттикнува нискотарифните летови достапни до сите патници.

“Наместо тоа аеродромот подготви така скроена поттикнувачка шема која штити една авиокомпанија со поскапи тарифи и нејзиниот деловен модел фокусиран на транзитни патници. Визер се жали поради ова одлука затоа што не одат во прилог на патниците кои сакат евтини карти“, се наведува во соопштението. 

 


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000