Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 09 јануари 2014, 10:51, во Регион
Share |
Print page

Фиат Србија минатата година извезе автомобили за 1,5 милијарди евра

Фиат Србија минатата година извезе автомобили за 1,5 милијарди евра

Фабриката Фиат автомобили Србија (ФАС) во Крагуевац во 2013 година извезе автомобили за вкупно 1,53 милијарди евра и е на прво место на листата 15 најголеми српски извозници кои вчера ги објави Министерството за финансии.

На таа листа на второ место е Нафтената индустрија на Србија (303 милиони евра), следна е ХИП Петрохемија (233,5 милиони), Тигар тајерс од Пирот (231,4 милиони), Хемофарм (157,8 милиони евра).

Меѓу најголемите извозници се и Горење (151,3 милиони), Таркет од Бачка Паланка (136,4 милиони), Железара Смедерево (129,7 милиони), Вали од Белошевац (118,2 милиони) и Јура корпорација (115,5 милиони евра).

Успешни извозници се и РТБ инвест од Бор (107,3 милиони), Сирмијум стил од Сремска Митровица (103 милиони), Тетрапак од Белград (101,8 милиони), Импол севал од Севојно (96,4 милиони) и Бол пакување Европа (96,2 милиони евра).


КОМЕНТАРИ

Коментирај
  • Zavod za statistika
    Објавено на 10.01.2014, од saska

    Lanskiot izvoz e blizu 3 miliardi euro?

  • Izvoz
    Објавено на 09.01.2014, од objektiven

    kolku tezhi celiot lanski izvoz na makedonija?



РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000