Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 19 ноември 2013, 13:55, во Регион
Share |
Print page

Шојбле: Можна е дополнителна финансиска помош за Грција

Шојбле: Можна е дополнителна финансиска помош за ГрцијаГерманскиот министер за финансии Волфганг Шојбле смета дека дополнителната финансиска помош за Грција е можна следната година, но не ја прифати идејата за евентуално ново отпишување на грчкиот долг, пишува весникот „Етнос“. - Грција има најголеми проблеми од сите земји погодени од кризата. Тоа бара повеќе време, за да може повторно да застане на нозе. Пред изборите во Германија веќе кажавме дека треба да видиме до средината на следната година дали ќе доставиме дополнителна помош за Грција по истекувањето на рокот на сегашната програма за фискална консолидација на крајот од следната година. Секако дека тоа ќе се случи, доколку Грција ги исполни ангажманите, рече Шојбле за германскиот весник „Билд“.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000