Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 14 октомври 2013, 14:21, во Регион
Share |
Print page

Тодориќ за Фајненшал Тајмс: Агрокор размислува да излезе на Лондонска берза

Тодориќ за Фајненшал Тајмс: Агрокор размислува да излезе на Лондонска берза

Агрокор планира иницијална јавна понуда (ИПО) на акции на Лондонската берза во следните две години, а така собраните пари ќе може да се користат за аквизиции во Турција и Русија, вели основачот  и мнозинскиот сопственик на компанијата, Ивица Тодориќ за Financial Times (FT).

FT потсетува дека Агрокор, кој се занимава со земјоделско и прехрамбено производство т.е со малопродажба, во јуни дoговори купување на 53,1 % од најголемиот словенечки малопродажен ланец Меркатор за 240 милиони евра, како би се создал еден регионален малопродажен џин, под привремено име Адриа група.

Таа компанија би имала заеднички приходи од 7 милијарди евра годишно, добивка пред оданочување од 500 милиони евра и 60 илјади вработени, со што би била најголем приватен работодавач на просторот на некогашна Југославија.

Кога регулаторните агенции ќе одобрат спојување со Меркатор и кога тоа ќе биде во целост спроведено, тој вели дека ќе се размисли за ширење на компанијата надвор од Балканот.
ИПО би бил клучен во таа цел, но Агрокор ќе почека уште малку додека сосема не се подготви за понудата. За точното време на излезот на пазарот и структурата на понудата допрва ќе се одлучи.
„Спремни сме во целост за спојување на двете компании и веруваме дека во рок од две години ќе бидеме спремни и за следениот потег. Ќе видиме дали тоа значи формирање на партнерство, аквизиција или влез на нови пазари. Сега би било штета да се тргне со ИПО, но веруваме дека во рок од неколку години ќе биде сосема поинаку. Подготвени сме да разговараме со големи меѓународни финансиски играчи околу тоа“ вели Тодориќ.

Тој кажува дека жали што не успеаа преговорите во 2008 со турскиот малопродажен синџир Мигрос и тоа на самиот праг на склучување на зделката вредна 2 милијарди евра. Но, тој вели дека неговата компанија е спремна за уште еден обид за влез во Труција, веројатно со странски партнер:

„Некогаш можеш да имаш премногу советници, а нашите се плашеа од инфлацијата на турската лира. Сега Мигрос е една од најуспешните компании“ вели тој.
Агрокор треба да се фокусира на поширокиот регион, особено на Русија и Труција, заклучува Тодориќ.

Но, дури и кога ќе се спроведе спојувањето со Меркатор, излезот на тој пазар ќе биде предизвик, смета Тодориќ, и укажува дека неговата компанија е потенцијално атрактивен партнер за останатите малопродажни компании кои планираат да се шират на исток.

„Имаме знаење алатки, знаења и еден од најдобрите менаџменти во европската малопродажба“ потенцира Тодориќ.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000