Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 02 септември 2013, 19:16, во Регион
Share |
Print page

На Грција и се потребни дополнителни 4,5 милијарди евра

На Грција и се потребни дополнителни 4,5 милијарди евра

Грција, која се соочува со тешка финансиска криза, има потреба од дополнителни средства во вредност до 4,5 милијарди евра, за да ја пополни дупката во финансиите за следната година.

Ова го изјави денеска германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, јави ДПА.

„Се појави проблем во примената на програмата за помош, наменета за Грција“, изјави Шојбле на седницата на Комисијата за буџет на германскиот Парламент.

Шојбле како проблем го посочи забавувањето на имплеметацијата на програмата за приватизација на Атина.

Според оценката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), на Грција ќе и бидат потребни дополнителни 6,5 милијарди евра во 2015 година.

Шојбле минатиот месец предизвика бура од реакции, кога предупреди дека Грција ќе има потреба од трет спасувачки пакет, по веќе добиените средства во вредност од 250 милијарди евра.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000