Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 12 ноември 2014, 15:51, во Македонија
Share |
Print page

Американ колеџ-Скопје и Факултетот за менаџмент од Мастрихт со заедничка МБА програма

Американ колеџ-Скопје  и Факултетот за менаџмент од Мастрихт со заедничка МБА програма

Со денешното потпишување на договорот за соработка со Maastricht School of Management (МЅМ), Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) стана првата високообразовна институција во Македонија со МБА програма рангирана помеѓу првите 100 во светот според Шангајската листа.

Договорот  за соработка и отпочнување на новата МБА програма, го потпишаа  ректорот на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), професор Марјан Бојаџиев и деканот на Факултетот за менаџмент од Мастрихт (МЅМ), професор Вим А. Науде ,  во присуство на министерот за образование и наука на РМ Абдилаким Адеми.

Со доаѓањето на   MSM  во Скопје, се овозможуваат повеќе заштеди меѓу кои секако е најзначајна онаа за Буџетот на РМ, по основ на стипендиите за студирањето на најпрестижните универзитети. Со отворањето на новата Глобална МБА програмата на Факултетот за менаџмент од Мастрихт (МЅМ) во Скопје се намалуваат трошоците за одвоен живот и сместувањето, а патните и не постојат. Треба да се истакне и дека MSM дополнително обезбеди школарина која е пониска од таа во Факултетот за менаџмент од Мастрихт (МЅМ) .

Предвидено е програмата да почне со работа  од март идната година, а уписите да почнат од јануари 2015 година. Повеќето од професорите ќе бидат од Факултетот за менаџмент од Мастрихт (МЅМ) , а девет професори, квалификувани да предаваат во рамките на  MSM MEUSE,  се од Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) што е и чест и потврда за квалитетот на наставниот кадар.

Преку договорот со Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) МБА програмата на МСМ за прв пат влегува и на Балканот.  Програмата се изведува во рамките  Институтот MEUSE ( Maastricht EU study of Emerging Markets). Програмата се нарекува Глобална МБА програма и како таква е идентична во сите земји партнери. Некаде постојат и специфичности, како во Азербејџан, со МБА во енергетски Менаџмент, во Кина, со МБА на нови пазари и слично. За Македонија се планирани Банкарство и Финансии, Стратегија и Политика и Меѓународна МБА програма. Која специјализација конкретно ќе се понуди, ќе зависи од интересот на идните студенти.

Со отворањето на новата Глобална МБА програмата на Факултетот за менаџмент од Мастрихт (МЅМ) во Скопје, се овозможува студентите од Македонија, како и од регионот да се стекнат со диплома на Универзитет рангиран на 76 место во светот.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ