Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 07 ноември 2014, 13:10, во Македонија
Share |
Print page

SAMIT 100 следната 2015 година во Љубљана

SAMIT 100 следната 2015 година во Љубљана

Управниот одбор на SAMIT100 бизнис лидери на југоисточна Европа на последниот состанок кој се одржа во Љубљана одлучи четвртата годишна средба во 2015 година да се одржи во Словенија.
Членовите на УО на SAMIT 100 разговараа за конкретни иницијативи кои се покренати на годинешната средба во Цавтат, на кои присуствуваа и претседателите на земјите од регионот.

Договорено е за тие теми и конкретни предлози за соработка да се продолжи дијалогот со извршните власти во земјите регионот, но и со Европската комисија. Формирани се работни групи кои ќе водат дијалог со Европската комисија, но и со Нордискиот совет заради воспоставување на поцврста соработка со регионалната иницијатива која ги поврзува земјите од Скандинавија, заради пренесување на искуства и знаења.

На состанокот во Љубљана за нов претседател на УО е именуван Изток Селјак од компанијата Хидриа, согласно договорот кој предводува претседателот на УО секогаш да се избира од земјата домаќин на годишната средба. Член на УО на SAMIT100 од Република Македонија е Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје.

SAMIT100 бизнис лидери е иницијатива покрената во 2011 година од страна на Српската асоцијација на менаџери, Хрватското здружение на работодавци и Здружението менаџер Словенија, со цел да се пронајдат синергии на економиите од регионот и преку партнерства и интензивни соработки да се унапреди конкурентноста на регионот преку привлекување на директни инвестиции и настап на трети пазари. Како области во кои се идентификувани можности за соработка се храна, енергетика, информатичка технологија, туризам, градежништво, здравство, фармација, сообраќај и логистика.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ