Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 03 ноември 2014, 11:43, во Македонија
Share |
Print page

Алкалоид со раст на извозот од 11% и нови 54 вработувања во првите 9 месеци

Алкалоид со раст на извозот од 11% и нови 54 вработувања во првите 9 месеци

Фармацевтската компанија Алкалоид во периодот јануари - септември 2014 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран биланс на успех.

Во единечниот биланс на успех, остварените единечни продажби во износ од 4.344 милиони денари бележат зголемување за 2% во споредба со остварените во истиот период во 2013 година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 801 милиони денари што претставува зголемување од околу 10%. Нето добивката изнесува 457 милиони денари што претставува зголемување од 4%.

Според консолидираниот биланс на успех, остварените консолидирани продажби во износ од 5.550 милиони денари бележат зголемување од 8% во споредба со остварените во истиот период во 2013 година, при што е реализиран раст на консолидираните извозни продажби од 11%. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 833 милиони денари што претставува зголемување од околу 10%. Нето добивката изнесува 440 милиони денари што претставува зголемување од 4%.

Во првите девет месеци годинава во Алкалоид се реализирани 54 нови вработувања.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ