Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 31 октомври 2014, 15:21, во Македонија
Share |
Print page

Шпаркасе Банка го одбележи 31-ви октомври – Светскиот ден на штедењето

Шпаркасе Банка го одбележи 31-ви октомври – Светскиот ден на штедењето

Денес, по повод  Светскиот ден на штедењето претставници на Шпаркасе Банка го посетија  Дневниот центар за аутизам во Скопје. Посетата на Центарот е дел од програмата на Банката за одбележување на месецот на штедење како и Светскиот ден на штедење 31 октомври.

Во рамките на посетата, за децата  во Центарот беа организирани и разни друштвени и забавни активности со  популарната маскота на детското штедење „Медо Штедо“ во кои  дечињата видно уживаа.

Посетата на Центарот е една од активностите предвидени со партнерството помеѓу Шпаркасе Банка и Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром ‘‘Во мојот свет‘‘.

Шпаркасе Банка го одбележа Светскиот ден на штедењето и преку анимирање и едукација на најмладите. Со цел да ги мотивира, едуцира и поттикне децата на штедење, Банката во текот на изминатиот месец организираше конкурс за избор на најдобар цртеж на тема штедење и обезбеди интересни подароци за најмладите штедачи.

Инаку, Шпаркасе Банка во својата мисија на корпоративно-општествена одговорност тежнее не само кон зголемување на сопствената продуктивност и квалитет на услуги и прозиводи, туку и кон унапредување на целокупната македонска економија и подигање на квалитетот на живот на локалната заедница.

За оваа година, Шпаркасе Банка планира повеќе проекти од доменот на корпоративно-општествената одговорност, особено во делот на образованието, кутурата и развојот на најмладите.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ