Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 31 октомври 2014, 11:44, во Македонија
Share |
Print page

Со 3 милиони евра стартува СЕАФ 2 фондот

Со 3 милиони евра стартува СЕАФ 2 фондот

Новоформираниот фонд СЕАФ 2 стартуваше со работа во Македонија и веќе е склучен првиот договор. Првично фондот тежи три милиони евра, но се очекува истиот да се зголеми по издавањето на обврзница која со камата од 4% ќе се продава во дијаспората. 

 „Имаме доволно средства за она што ни е потребно за инвестициите, собравме околу 3 милиони евра, а очекуваме од 10 до 15 милиони евра. Ќе има и регионален фонд кој ќе придонесе, а има и приватни фирми и институции кои треба да придонесат во инвестирањето", вели извршниот претседател и ко-основач на СЕАФ, Хуберт Ван дер Варт, кој деновиве е во Македонија.

Формирањето на фондот беше најавено лани на првиот Глобален инвестициски самит на „Македонија 2025", а се реализира со помош на УСАИД, преку Канцеларијата за развојни кредити, со воведување гарантен механизам во висина од 20 милиони американски долари за портфолио на заеми, кој треба да помогне да се собере капитал за заеми од институционални и индивидуални инвеститори, вклучително и од дијаспората.

Како тој ќе функционира? На терен компанијата Homestrings со седиште во Вашингтон која претставува интернет инвестициска платформа со добри релации со заедницата на глобалната дијаспора, ќе обезбеди гаранција за заемите кои ќе ги инвестира SEAF во мали и средни претпријатија во Македонија, Србија и Ерменија. Гаранцијата на УСАИД треба да бде мамка за што повеќе инвеститори од приватниот сектор, вклучително и индивидуални лица и финансиски институции.  Добивката од овој механизам, кој најпрвин стартува во Македонија, ќе биде инвестирана во локални компании – започнувајќи од областа на земјоделството па сѐ до компании што нудат финансиски услуги и бизниси од областа на информатичката технологија – односно компании со голем потенцијал за развој, а ограничени долгорочни опции за финансирање на своето работење.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ