Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 30 октомври 2014, 14:03, во Македонија
Share |
Print page

Нови 40 стипендии додели Фондацијата „Трајче Мукаетов“

Нови 40 стипендии додели Фондацијата „Трајче Мукаетов“

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и годинава традиционално додели 40 нови стипендии, 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за учебната 2014/2015. Стипендијата изнесува 6.500 денари во текот на 12 месеци.

Освен овие 40 стипендии, Фондацијата додели и еднократна парична награда во износ од 1.200 евра на првенците на генерациите на овие два факултети. Еднократна парична награда од Медицинскиот Факултет доби Александар Јовановски, а од Фармацевтскиот Бисера Степановска, која од први ноември сојата професионална кариера ја почнува во „Алкалоид АД“, Скопје во одделот Фармација, како контролор на квалитет.

Со ова продолжува големиот хуманитарен проект Фондација „Трајче Мукаетов“, кој изминативе години, почнувајќи од 2007/2008 година,  стипендираше вкупно 304 студенти по фармација и медицина.  Од нив 103 студенти по фармација и 72 од медицина се веќе дипломирани.
 
 

 


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ