Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 09 октомври 2014, 10:55, во Македонија
Share |
Print page

Една декада Фестивал на новиот германски филм во организација на ПроКредит Банка и Амбасадата на Германија

Една декада Фестивал на новиот германски филм во организација на ПроКредит Банка и Амбасадата на Германија

Фестивалот на новиот германски филм годинава одбележува 10 годинешен јубилеј откако почна да се организира од страна на ПроКредит Банка и Амбасадата на СР Германија во Македонија. Во рамки на фестивалот ќе се одржи еднонеделна ревија на современи германски филмови во Скопје и поголемите градови.

„Ми претставува особено задоволство што имам можност да ви го претставам  10. Фестивал на новиот германски филм. Отворањето е на 10 октомври во 19 часот во Кино Милениум. Фестивалот е најголемото достигнување на културната дејност на Германската амбасада во Скопје и се одржува во соработка со нашиот докажан партнер, ПроКредит Банка. Од големата понуда на германски филмски продукции, годинава, кога славиме јубилеј направивме избор на 10 играни филма, плус два детски филмови и два документарци. Филмовите нудат можност за прикажување на нашата земја и нејзините култура и општество во сета нејзина разновидност пред голема публика. Нашите филмови раскажуваат приказни за луѓе и за нивните различни судбини, играат во различни времиња, од Првата светска војна до падот на берлинскиот Ѕид. Тоа што прикажуваме филмови во оригинал со превод сигурно ќе израдува голем број на луѓе, и млади и стари, кои го изучуваат и зборуваат германскиот јазик. Прекрасно е: јазикот на филмовите е универзален и разбирлив за сите гледачи. 10 години германски филмови, од Скопје преку Куманово, Тетово, Прилеп, Битола, Кавадарци, Штип, Велес, Струмица и како десетти град, Охрид, „бисерот на Балканот“, тоа е успешна приказна која сакаме да ја продолжиме со многу ентузијазам. Се надевам, заедно со сите организатори, дека ќе има многу, многу посетители“, изјави  д-р Кристине Алтхаузер, амбасадор на СР Германија во Македонија.

Германскиот фестивал, кој започна во МКЦ - Кино Фросина, денес се одржува во кино салите на 10 градови низ Македонија, а исто така започна прикажувањето и на детските филмови во 3Д технологија.

 И оваа година, сите претстави, освен свеченото отворање кое ќе биде во Кино Милениум, ќе се прикажуваат во Кино Фросина, во рамките на МКЦ, со почеток во 19.00, 20.00 и 21.00 часот, како и викендот од 11.00 часот за проекциите наменети за најмладите, во периодот од 11 до 16 октомври.

Репертоарот на овој фестивал изобилува со избор за сите вкусови, од филмови за најмладите, преку драмите до документарците во кои граѓаните на Скопје, заедно со Велес, Куманово, Штип, Тетово, Прилеп, Битола, Струмица, Кавадарци и Охрид, ќе можат да го проследат и десеттото издание.

За тоа дека овој фестивал не е единствено за најстраствените филмофили, туку и за сите граѓани, а особено за деловните луѓе, Билјана Северинова од ПроКредит Банка вели:

"Како единствена германска банка во Македонија, чест ни е десетта година по ред да го помагаме прикажувањето на нови германски филмови на македонската публика. Наречете нè традиционални, но ние сè уште веруваме дека одењето во кино прави разлика оти има магија, ако сакате со модерен речник, одењето во кино и вмрежува, и социјализира. Придобивките се големи затоа што во целата трка по времето, одвојувате време за себе, и со филмот отвараме нови погледи. На сите граѓани, им препорачуваме да дојдат и да го посетат Новиот Германски Филм."


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ