Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 07 октомври 2014, 11:15, во Македонија
Share |
Print page

Алкалоид со обновен сертификат од Агенцијата за лекови на Романија

Алкалоид со обновен сертификат од Агенцијата за лекови на Романија

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ доби обновен сертификат за Добра производна пракса (GMP) од Националната агенција за лекови и медицински помагала при Министерството за здравство на Романија, по извршената инспекција во погонот за производство на полусинтетски цефалоспорини.

Ова е петта инспекција на погоните на „Алкалоид“ од страна на романските авторитети, што претставува уште една потврда за највисоките европски стандарди што компанијата ги применува во секојдневното работење, а се основа за стекнување и одржување на авторизациите за пласман на своите производи не само во Европската Унија, туку и пошироко.

Со ова „Алкалоид“се потврдува како високопрофесионален производител на фармацевтски производи со примена на најсовремени производствени технологии и деловни стандарди, се со единствена цел - квалитетни, ефикасни и безбедни лекови.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ