Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 02 октомври 2014, 13:13, во Македонија
Share |
Print page

Вработените во Алкалоид донираа 12 илјaди евра за Клиниката за детски болести

Вработените во Алкалоид донираа 12 илјaди евра за Клиниката за детски болести

Вработените во Алкалоид годинава по четврти ја покажаа хуманост на дело. Во рамки на  веќе традиционалниот хуманитарен пикник кој компанијата го организира секоја година вработените на Алкалоид, како и членовите на нивните семејства и нивни пријатели донираа средства во фондацијата „Трајче Мукаетов“, за што добија маичка што за овој повод ја дизајнираше македонската креаторка Росица Мршиќ. Собраните средства од оваа хуманитарна акција од над 725.000 денари или околу 12 илјади евра ќе бидат донирани за опремување на одделот за неонатална интензивна нега на Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје.

Позиционирајќи ја општествената одговорност на врвот од агендата на своето делување, од компанијата Алкалоид уверуваат дека ќе ја продолжат хуманата мисија чија главна цел е подобрување и унапредување на позитивните општествени вредности.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ