Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 30 септември 2014, 15:32, во Македонија
Share |
Print page

Корисно за млади претприемачи: Startup Grind Skopje vol.3

Корисно за млади претприемачи: Startup Grind Skopje vol.3

На настанот своето бизнис искуство ќе го раскаже Игор Трајков, основачот на  Time.mk  и поранешен вработен во Google.

Третиот Startup Grind Skopje  ќе се одржи на 7 октомври во Скопје, во организација на Clear View BTC. Овој пат излагање ќе има, Игор Трајковски, основач на Time.mk, кој што ќе сподели како е да се изгради и одржи успешен агрегатор во Македонија - од технички и бизнис апект-  и што значи да се работи во Google, светскиот технолошки гигант каде што Трајковски има работено.

По излагањето на Трајковски, планирана е  работилница на темата: „Имам идеја/готов производ. И што сега? Како до првите клиенти и до систем за континуирана продажба”.  Работилницата ќе ја води Тодоровски Јоцо, „инженер" за системи за продажба и маркетинг кои носат резултати со минимална потрошувачка на време и пари.

“Во 2006-та, кога имаше само 18 години, Јоцо  го започна првиот бизнис. Oд тогаш имаше можност да ‘пропадне’ неколку пати и да научи од грешките, за денес успешно да дизајнира и води процеси за маркетинг и продажба. Негов предизвик е да не нe’ пушти да си одиме додека не сме подготвени да направиме  ‘машина’ за маркетинг и продажба на стартапите”, вели Ирена Ефремовска, од Clear View BTC. 

Настанот ќе се одржи во просториите на SEEU Тech Park-от во Скопје (стара стоковна куќа Мост во чаршија), а билети може да си купат  онлајн на Startup Grind  страницата или да нарачате од Clear View BTC, организатор на настанот.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ