Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 24 септември 2014, 12:02, во Македонија
Share |
Print page

Алкалоид доби нов сертификат за добра производна пракса (GMP) од Казахстан

Алкалоид доби нов сертификат за добра производна пракса (GMP) од Казахстан

Алкалоид доби нов сертификат за добра производна пракса (GMP) од Казахстан. Националниот центар за експертиза на лекови, медицински помагала и медицинска техника при Министерството за здравство на Република Казахстан, по извршената инспекција на погоните за производство на цврсти фармацевтски дозни форми и полусинтетски цефалоспорини на „Алкалоид АД Скопје“спроведена во јуни 2014 година, издаде сертификат за сообразност со начелата на Добрата производна пракса (GMP).

„Ова е прва инспекција на фармацевтските погони на „Алкалоид“ извршени од страна на авторитетите на земја членка на Заедницата на независни држави (ЗНД), што претставува уште еден доказ за примената на најстрогите европски и интернационални стандарди, што „Алкалоид АД Скопје“ ги практикува во секојдневното работење, и кои се основа за стекнување и одржување на авторизациите за пласман на фармацевтските производи не само во Република Казахстан, туку и во Русија, Белорусија и дел од останатите земји во регионот“, соопштуваат од Алкалоид.

Овој сертификат, се додава,  е уште една потврда дека примената на најсовремени производствени технологии и деловни стандарди, како и производството на безбедни, ефикасни и квалитетни лекови ја прават компанијата достоен конкурент на меѓународните пазари.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ